Утрински Весник
Свет

Путин најави голема воена вежба на која ќе се симулира нуклеарен напад

Путин најави голема воена вежба на која ќе се симулира нуклеарен напад

Рускиот претседател Владимир Путин лично ќе ги надгледува вежбите на руските сили за стратешко одвраќање, вклучително и лансирањето на балистички и крстосувачки ракети дизајнирани да симулираат нуклеарен напад, пишува „Гардијан“.

„Годишните стратешки вежби ‘Гром’ ќе се одржат утре под надзор на врховниот командант на руските вооружени сили Владимир Путин“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Тоа се вежби кои обично се одржуваат на лето.

„Планираната вежба на силите за стратешко одвраќање има за цел да ја тестира подготвеноста на воените команди и екипажите на ракетните системи, воените бродови и стратешките бомбардери за извршување на нивните мисии и да ја провери ефикасноста на оружјето на стратешките нуклеарни и конвенционални сили“, соопшти руското министерство.

Можете да прочитате

Багеи: Земјите во регионот повеќе не можат да се потпираат на САД за безбедност како порано

Колумбија прогласи состојба на „национална катастрофа“ по силниот земјотрес

Пезешкијан информира дека разговорот со Моџтаба траел седум часа