Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

СДСМ: Започнува социјалниот дијалог, следува нов раст на пензиите и дополнителен финансиски пакет за пензионерите

СДСМ: Започнува социјалниот дијалог, следува нов раст на пензиите и дополнителен финансиски пакет за пензионерите
Img 7972

Денеска започнува дијалогот на Владата предводена од СДСМ со сите засегнати страни за ново зголемување на пензиите, информираат од владејачкиот СДСМ.

Покрај редовното законско усогласување на пензиите кое се спроведува два пати годишно, оваа година, појаснуваат од таму, ќе следува и дополнителна финансиска помош за околу 330.000 пензионери, а начинот на реализација на оваа мерка ќе се донесе низ отворен и инклузивен процес на преговори, со цел да се најде најдоброто и најефикасно решение.

Според СДСМ, пензискиот фонд е стабилен и може да реализира ново покачување на пензиите. Додаваат дека новата методологија која ќе се изработи низ овој дијалог ќе обезбеди одржлив и континуиран раст на пензиите.

„Заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани е врвен приоритет на СДСМ. Продолжуваме со реализација на мерки и политики што обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети“, велат од партијата на власт.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт