Утрински Весник
Свет

Русија го протера вториот човек на американската амбасада во Москва

Русија го протера вториот човек на американската амбасада во Москва

Русија го протера заменик-амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Барт Горман, соопшти американската амбасада во Москва, пренесуваат агенциите.

Според написите, Вашингтон смета дека потегот е неоправдан бидејќи функционерот имал тригодишна виза, а неговиот престој во Русија не бил подолг од три години, соопшти амбасадата, нагласувајќи дека САД ќе одговорат на протерувањето на Горман, пренесуваат руските медиуми.

Американската амбасада потврдила дека од нивен висок функционер било побарано да ја напушти Русија. Засега не е позната причината за ваквата одлука, но руските медиуми како РИА и ТАСС наведуваат дека Америка размислува за реципрочни мерки.

Горман е американски дипломат специјализиран за безбедност. Тој претходно служел како заменик-помошник секретар и помошник директор за истрага и анализа на закани (ТИА) во Бирото за дипломатска безбедност на САД. Тој, исто така, работел како советник за безбедност во голем број американски дипломатски мисии низ светот, вклучувајќи ги Ирак, Јордан, Кина, Казахстан и Ерменија.

Протерувањето на Горман дојде еден месец откако Вашингтон им нареди на руските дипломати вработени во руската амбасада во САД да ја напуштат земјата. Американскиот Стејт департмент соопшти дека причина за заминувањето на повеќе од 50 дипломати и нивните семејства е тоа што им истекувале визите. Тогаш, според новинарските извешати, Москва овој потег го толкуваше како протерување.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот