Утрински Весник
Магазин

Метју Меконахи навестува можно враќање во „Магичен Мајк“

Метју Меконахи навестува можно враќање во „Магичен Мајк“

Метју Меконахи неодамна откри дека сака да се врати во серијалот „Магичен Мајк“ во пресрет на третото продолжение.

52-годишниот оскаровец во разговор со „Вараети“ призна дека не слушнал ништо конкретно за сценариото на филмот, кој ќе го носи насловот „Последниот танц на магичниот Мајк“ (Magic Mike’s Last Dance).

Тој одигра голема споредна улога во оригиналниот филм од 2012 година како Далас, стриптизер кој стана сопственик на клуб.

Сепак, тој одлучи да не ја репризира својата улога во продолжението од 2015 година Magic Mike XXL („Магичен Мајк Икс-икс-ел“).

Се чини дека Меконахи се чувствува попозитивно во врска со комичната драма пред нејзиниот трет дел, за кој Стивен Содерберг повторно ќе ја земе режисерската палка.

Можете да прочитате

Доаѓа астролошки шок: Уран влегува во Близнаци – светот нема да биде ист вели Јанковска

Хороскопски знаци што избираат мал круг на пријатели, но длабоки врски

Колку алкохол навистина може да поднесе телото: границите што често ги игнорираме