Утрински Весник
Македонија

Приведен 26-годишен скопјанец, кој крадел во Аеродром и Драчево

Приведен 26-годишен скопјанец, кој крадел во Аеродром и Драчево

Полицијата приведе 26-годишен скопјанец, кој признал дека извршил неколку кражби на територијата на Аеродром и Драчево.

Според информации, А.С. бил уапсен на 15.02.2022 околу 16.00 часот, затоа што бил затекнат при извршување кражба во една просторија на Клиниката за стоматологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што бил приведен во полициска станица. Во службен разговор со полициски службеници тој признал уште три дела за кои бил осомничен. На 14.02.2022 на ул.„Ѓорѓи Капчев“ одзел патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.И.(29) од Скопје. Истиот ден (14.02.2022), на ул.„Методија Шаторов Шарло“ одзел предмети од возило „фолксваген лупо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д.(27) од Скопје. Додека, на 15.02.2022 на бул.„Видое Смилевски Бато“ извршил тешка кражба од лицето Р.Л.(27) од Скопје.

По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Груби останува во куќен притвор

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, меѓу нив и еден малолетник