Утрински Весник
Магазин

Канје Вест го заследи Пит Дејвидсон на Инстаграм

Канје Вест го заследи Пит Дејвидсон на Инстаграм
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Канје Вест сега го следи Пит Дејвидсон на „Инстаграм“ откако војуваше со него на платформата.

Раперот стана еден од 389,000 следачи на Дејвидсон откако комичарот (28) повторно се приклучи на оваа социјална мрежа во средата.

Дејвидсон, кој моментално е во врска со поранешната сопруга на Вест, Ким Кардашијан, не кликнал „фолоу бек“ за Вест.  Ѕвездата на „Сатрдеј најт лајф“ допрва треба да реши кого ќе следи или да објави фотографии откако се врати во апликацијата.

Според „Пејџ сикс“, потврдената Инстаграм-страница на Дејвидсон со иницијалите ‘pmd’ – била активирана во средата.

Можете да прочитате

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”