Утрински Весник
Магазин

Марк Волберг за новата улога морал да се здебели 14 килограми

Марк Волберг за новата улога морал да се здебели 14 килограми

Марк Волберг откри дека му било многу тешко и напорно да се здебели речиси 14 килограми за новиот филм со Мел Гибсон.

50-годишниот актер глуми поранешен боксер а сега свештеник во претстојната драма Father Stu („Отец Сту“) и смета дека иако е лесно да се остане во форма, тој се борел со одржувањето на својата фигура затоа што „не станува помлад“.

На гости во австралиската радио-емисија The Kyle and Jackie O Show, тој рече: „Би рекол дека е полесно да се остане во форма отколку да се биде во форма. Се поправив 13,6 килограми за еден месец…тоа беше навистина тешко. Не станувам помлад.“

Оскаровецот претходно во друго интервју откри дека со цел успешно да ја трансформира својата мускулеста фигура, внесувал до 11.000 калории дневно откако ќе завршат неговите боксерски сцени.

„За жал, морав да внесувам 7.000 калории две недели, а потоа уште две недели, 11.000 калории. Тоа е толку тешко и физички напорно. Кога треба да ослабеш, само не јади и вежбај! Но, кога треба да се здебелиш, јади и кога не си воопшто гладен! Јадев на секои три часа. Станував од спиење сит, и морав повторно да јадам.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста