Утрински Весник
Спорт

Свиндон го пронајде детето кое прати 26 пени на својот омилен фудбалер

Свиндон го пронајде детето кое прати 26 пени на својот омилен фудбалер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од Англија доаѓа една од најфантастичните, но и најтрагичните фудбалски приказни во 2022 година, откако еден млад навивач на Свиндон таун прати 26 пени на својот омилен фудбалер и призна дека не може да оди на натпревари бидејќи „неговата мајка нема пари за јадење“.

„Мама нема пари да дојдеме на натпревар на Свиндон таун, бидејќи мама нема пари за јадење и мора да плаќа за мојот ручек во школо. Јас го сакам Хери Меккирди од Свиндон таун. Еден ден ќе дојдам. Џо, 6 1/2 години“, стои во писмото кое тој го пратил до својот омилен тим со 26 пени за фудбалерот.

Англискиот третолигашот преку социјалните мрежи успеа да го пронајде малиот Џо, и најави дека заедно со добротворна организација ќе даде донација за јавните кујни во градот.

> Свиндон го пронајде детето кое прати 26 пени на својот омилен фудбалер <

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност