Утрински Весник
Свет

Протест на здравствените работници во Грција

Протест на здравствените работници во Грција

Федерацијата на вработените во јавните болници на Грција (Поедин) организираше демонстрации во главниот град Атина, барајќи договор на неопределено време за привремените здравствени работници, пишува Анадолија.

Пред зградата на Министерството за здравство во средата се собраа бројни демонстранти.

Насобраните побараа Владата да склучи договори на неопределено време за околу 8.000 вработени на кои договорот им истекува на 31 март.

Некои демонстранти ги запалија своите медицински палта за да привлечат внимание на проблемите со кои се соочува овој сектор во земјата.

Здравствените работници ја прекинаа работата три часа во текот на денот.

Активистите кои се противат на задолжителната вакцина против коронавирус, исто така, им се придружија на здравствените работници на протестите.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела