Утрински Весник
Свет

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за Русија

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за Русија

Лидерите на земјите од Европската унија утре ќе одржат неформален состанок за прашањето за Русија, јавува Анадолија.

Лидерите на ЕУ ќе отпатуваат во Брисел за да присуствуваат на утрешниот Самит ЕУ-Африка.

Европските претставници утре попладне ќе одржат состанок пред самитот.

Средбата на која ќе се разговара за последните случувања во врска со тензиите по руската воена акумулација на украинската граница е планирано да трае еден час.

Можете да прочитате

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп

Началник на Генералштабот на иранската армија: Хормуз е под наша „целосна контрола“