Утрински Весник
Свет

Германија бара докази од Москва дека руските војници навистина се повлекуваат

Германија бара докази од Москва дека руските војници навистина се повлекуваат

На Германија ѝ треба доказ од Москва дека руски војници се повлекле од пограничната област со Украина, изјави денеска портпаролот на германската влада.

Тој додаде дека иако најавите на Москва за повлекување на армијата се добар знак, сепак се потребни докази за тоа, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Портпаролот на германската влада псочи дека очекува ситуацијата да биде појасна во следните неколку дена.

Русија најави дека денеска дополнителнно ќе се повлечат дел од силите што ја опкружуваат Украина, но НАТО побара од Москва да го докаже тоа повлекување тврдејќи дека има знаци oти повеќе војници се на пат.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Украина тврди дека и натаму е под хакерски напад.

„Украинското Министерство за одбрана и две банки вчера се најдоа под хакерски напад, кој го затвори пристапот до нивните веб-страници“, соопшти денеска украинскиот Центар за стратешка комуникација и информациска безбедност.

Русија тврди дека нема никаква врска со тоа.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека силите се повлекуваат по завршувањето на вежбите во јужните и западните воени области во близина на Украина.

Можете да прочитате

Трамп ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во училишни спортови

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје