Утрински Весник
Македонија

Еден починат и двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп

Еден починат и двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистрален пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „волво“ со приклучно возило, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(48) од Свети Николе, патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(39) од Прилеп и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(30) од Битола.

По несреќата, возачот Д.К. и сопатниците од неговото возило П.К.(38) и малолетник, двајцата од Прилеп, биле пренесени во Општата болница во Кавадарци каде Д.К. починал, додека кај сопатниците биле констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.

Можете да прочитате

Чучуљ: Ќе постапуваме по сите иницијативи за корупција, без разлика од каде доаѓаат

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

Јаневска: Универзитетите со најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот буџет