Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка

Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка
Dik 300x250 mk

Централниот регистар ги информира правните субјекти дека го продолжи рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, на барање на обврзниците и на сметководителите. Рокот е продолжен за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки.

Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.

„ Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95% годишни сметки.

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва“ соопшти Централниот регистар.

Можете да прочитате

ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесуваат за постепено намалување на инфлацијата и задржување на финансиската стабилност

Во логистика и шпедиција има и многу работа и многу пари