Утрински Весник
Македонија

246 казни за пешаци – МВР со апел да се почитуваат сообраќајните правила

246 казни за пешаци – МВР со апел да се почитуваат сообраќајните правила

Во текот на вчерашниот ден (15.02.2022) во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 246 пешаци. Притоа 195 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 27 за минување на црвено светло…Од нив 51 на територија на СВР Велес, 50 на територија на СВР Тетово, 35 на територија на СВР Скопје…

За време на контролата регистрирани се и 107 останати прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Оттаму додаваат дека сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесат за побезбедни сообраќајници.

Можете да прочитате

Поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески на распит во полициска станица

Претреси во три автосервиси – во службени возила на СОЗР ставале половни делови, а ги наплаќале како нови

Нов протест за Фросина во недела – Претходно ќе се организираат улични форуми и ќе се формораат барањата