Утрински Весник
Спорт

Јанис броеше до 50 против Индијана, Бостон ја декласира Филаделфија

Јанис броеше до 50 против Индијана, Бостон ја декласира Филаделфија

Јанис Адетокумбо, Тре Јанг, Карл Ентини Таунс и Бостон Слетикс ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.

Милвоки Бакс славеа над Индијана Пејсерс победа од 128:119. Јанис на Пејсерс им испорача 50 поени и 14 скока.

Минесота играа продолежнија против Шарлот. Тимбервулвс забележаа победа 126:120. Најдобриот играч ан Минесота, Карл Ентони Таунс мечот го заврши со 39 поени и 15 скока.

Лидерот во лигата, Финикс ги надигра ЛА Клиперс со 103:96. До победата ги предводеше Девин Букер со 26 поени.

Далас победија во Мајами 107:99. Лука Дончиќ го предводеше својот тим со дабл-дабл од 21 поен и 10 асистенции. Кај Мајами се истакна Џими Батлер со 29 поени.

Атланта Хокс славеа победа во дуелот со Кливленд Кавалирс 126:114. Блескаше Тре Јанг со 41 поен. Кај Кливленд се истакна Дариус Гарланд со 30 поени.



Додека го чекаат дебито на Џејмс Харден, Филаделфија се изрезилија во дуелот со Бостон Селтикс. Предводени од Џејлен Браун (29 поени) и Џејсон Тејтум (28 поени), Селтикс ја победија Филаделфија со 135:87.

> Јанис броеше до 50 против Индијана, Бостон ја декласира Филаделфија <

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство