Утрински Весник
Економија

Цените на нафтата паднаа по повлекувањето на руските војници

Цените на нафтата паднаа по повлекувањето на руските војници

Цените на нафтата паднаа под 94 долари на меѓународните пазари по руската објава за враќање на некои војници во базите, што ги намали тензиите меѓу Москва и Западот околу Украина, намалувајќи ги стравувањата од санкции за руската нафта. На лондонскиот пазар цената на нафтата попладнето падна за 2,87 долари во однос на претходното затворање, на 93,61 долари. Вчера ја затвори трговијата со плус од 2,04 долари.

На американскиот пазар денеска се тргуваше за 3,49 долари за барел, по 91,97 долари. Вчера ја затвори трговијата на плус од 2,36 долари. Трговците вчера беа загрижени поради ескалацијата на тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина.

Западот ја обвинува Русија дека собира војници на границата со Украина, подготвувајќи инвазија, што Русија го негира.

Вашингтон и се закани на Москва со остри санкции во случај на инвазија, па трговците стравуваа дека казнените мерки би можеле да ја вклучат руската нафта и дополнително да ја намалат и онака скудната понуда.

Денеска пазарите ги смири руската најава за повлекување на дел од војниците во базите. Не е јасно до каде се повлекува единицата и на кое растојание.

Последните случувања меѓу Русија и Украина предизвикаа внимателен одговор од Украина и Велика Британија, а британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден во вчерашниот разговор се согласија дека има клучен простор за дипломатија.

Можете да прочитате

Нема крај на поскапувањето: Угостителските услуги во јануари пораснале за 5,8 %

Поскапеа и цигарите од несогорлив тутун

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита