Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Од денес во Скопје отворени дополнителни пунктови за тестирање за Ковид – 19

Од денес во Скопје отворени дополнителни пунктови за тестирање за Ковид – 19
Img 7972

Од денес во Скопје се отворени дополнителни пунктови за тестирање за Ковид – 19.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вели дека со дополнителните пунктови ќе го скратат предолгиот период на чекање за тестирање. Од почетокот на последниот бран на коронавирус, граѓаните постојано се жалат дека за тестирање чекаат и по седум дена, колку што трае и изолацијата по добиен позитивен тест.

„ Во Скопје од денес се отворени пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит-пазар, активни за закажување и во нив може да се закажуваат термини за тестирање преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање пунктови, оние кои беа активни наназад во пандемијата и низ државата. Тоа се пунктови на Центрите за јавно здравје, со цел оној период кој го уочивме како предолг за закажување на тестирање, да го скратиме“, рече претседателот Петличковски.

Во нив ќе се врши и тестирањето за најавениот скрининг за трансмисијата на вирусот во училиштата. За школските деца ќе бидат одвоени посебни термини. Петличковски ги повика учениците и родителите да соработуваат за скрининготт, а Комисијата веќе извести дека за тестирање на учениците ќе биде потребна согласност од родителите.

Можете да прочитате

Семејно насилство во Чаир: 39-годишен скопјанец ги натепал сопругата и ќерката со тврд предмет

Паднаа двајца инспектори – едниот уништувал докази за да си го спаси уапсениот син

Горивата поевтинуваат од полноќ – 24info.mk