Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Макаби испадна од Купот, навивачите сакаа да се пресметаат со тренерот и играчите

Макаби испадна од Купот, навивачите сакаа да се пресметаат со тренерот и играчите
300x250 opst2

Макаби Тел Авив или како што го нарекувваат „Гордоста на Израел“, не успеа да се пласира во финалето на националниот Куп. Макаби доживеа пораз (80:90), од градскиот ривал Хапоел.

Поразот тешко го прифатија навивачите на Макаби, кои по завршувањето на натпреварот најпрвин се обидел физички да се пресметаат со играчите и тренерот Јанис Сверопулос. Окако тие со помош на обезбедувањето стигнале до соблекувалната, револтираните навивачите се обиделе да влезат во клупската соблекувална.

На крајот по неколку часа, со помош на обезбедувањето, играчите и тренерот успеале да заминат од арената.

Хапоел прв пат во историјата успеал да го победи Макаби во елиминациски натпревар. Од 1988 година до синоќа, Макаби победил во 23 натпревари.

Медиумите во Израел тврдат дека поради овој пораз без работа ќе остане тренерот Сверопулос.

> Макаби испадна од Купот, навивачите сакаа да се пресметаат со тренерот и играчите <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025