Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Руската Дума го усвои предлогот за итно признавање на Доњецк и Луганск

Руската Дума го усвои предлогот за итно признавање на  Доњецк и Луганск
300x250 opst2

Државната дума на Русија денеска усвои предлог-резолуција за признавање на самопрогласените Доњецк и Луганск.

Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на државата, пренесуваат агенциите.

Пратениците сметаат дека признавањето на овие региони ќе создаде основа за обезбедување безбедносни гаранции и заштита на жителите на тие републики од надворешни закани, како и за зајакнување на меѓународниот мир и регионалната стабилност, нагласи Володин.

Според агенциите, за оваа одлука гласале 351 пратеник, 16 биле против, а еден воздржан.

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица