Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за загрозување на животната средина и природата со отпад

Кривични пријави  за загрозување на животната средина и природата со отпад

Полициски службеници од СВР Струмица вчера извршиле контрола на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, каде се врши откуп на секундарни суровини.

Притоа на 4 локации во Струмица биле констатирани нерегистрирани откупни пунктови, кои вршат таква дејност.

По целосно документирање на случајот против сопствениците ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Мицкоски во Њујорк: НАТО, САД и ЕУ е една јасна геополитичка ориентација

Уапсен во Косово осомничениот за убиството во Дуќанџик

Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка