Утрински Весник
Економија

Од полноќ повисоки цени на горивата

Од полноќ повисоки цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на минатата недела.

Врз основа на оваа одлука, од полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за половина денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,046 денари за килограм и сега ќе изнесува 46,491 денари..

Така, Од 15. февруари од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 82,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС-98: 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 74,00 (денари/литар)
Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1): 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС: 46,491 (денари/килограм)

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,804% .

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Можете да прочитате

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите