Утрински Весник
Македонија

Пожар во трафостаница во близина на Пинтија

Пожар во трафостаница во близина на Пинтија
Dik 300x250 mk

 

Огромен пожар избил во далноводите спроти трафостаницата близу Пинтија, неколку минути пред да снема електрична енергија. Речиси целата е зафатена во пламен.

Полиција го обезбедува просторот. Засега не е позната причината. Од ЕВН велат дека проблемот не е кај нив, додека пак од „Мепсо“ за „Макфакс“ велат дека се проверува каде е дефектот. За запалената трафостаница, не сакаа да коментираат и рекоа дека немаат информации. Оттаму најавија само соопштение.

Десетина скопски општини останаа без струја. Аеродром, Кисела Вода, Карпош 1,2,3,4, Мичурин, Автокоманда, се само дел од местата каде граѓаните немаат електрична енергија.

И дел од Центар остана без електрична енергија, но набрзо, тамо напојувањето беше стабилизирано. Во Ѓорче Петров – струја има.

Во два наврати, напонот на електричната енергија се врати, но набрзо, повторно престана.

Можете да прочитате

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух

Уште четири лица се уапсени со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството

Новоименуваниот амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска Давкова