Утрински Весник
Спорт

Норвежанка колабираше во бијатлон, веднаш префрлена во болница

Норвежанка колабираше во бијатлон, веднаш префрлена во болница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Норвежанката Ингрид Ландмарк Тандерволд колабираше по завршувањето, по трката во потера на 10 километри.

Тандерволд беше една од фаворитките во трката, на нешто повеќе од 300 метри пред целта, кога беше на третата позиција, нејзиниот ритам значително опадна, а по влегувањто во целта, падна на снегот.

Откако не можеше да стане, таа веднаш била хоспитализирана.

„Многу е тажна што остана без медал. Не остна без свест, туку само беше исцрпена. Само кажа „уништив сè“, изјави докторот на норвешката репрезентација, Колсурд и дополнил.

„Ќе видиме како ќе се чувствува вечерва. Потоа ќе ја следиме внимателно ситуацијата, а потоа ќе одлучиме дали ќе продолжи да се натпреварува во Пегинг“.

Тарневорд е трикратна светска шампионка со штафетата на Норвешка.

> Норвежанка колабираше во бијатлон, веднаш префрлена во болница <

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја