Утрински Весник
Економија

Песков: Европа скапо го плаќа гасот оти одбива долгорочни договори

Песков: Европа скапо го плаќа гасот оти одбива долгорочни договори

Европејците се откажаа од долгорочната и пазарната интеракција кога станува збор за снабдувањето со енергенси и сега се принудени поскапо да плаќаат за гасот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков наведе дека рускиот претседател Владимир Путин кажал дека сите енергетски интеракции на Русија во областа на снабдувањето со енергенси треба да бидат што е можно потранспарентни, исклучиво пазарни и врз долгорочни договори, но европејците се откажале од тоа и сега купуваат гас, не 300, туку приближно 1.300 долари.

Западот и се заканува на Русија со санкции доколку наводно ја нападне Украина, а во нив може да биде опфатен и гасоводот „Северен тек 2“, што веќе е завршен, но за кој Германија се уште не дава употребна дозвола. Со овој гасовод, гасот директно се носи од Русија до Германија.

Можете да прочитате

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

Три нови инвестиции оваа есен, најавува Мицкоски

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст