Утрински Весник
Свет

Германија избира претседател, Штајнмаер пред сигурен реизбор

Германија избира претседател, Штајнмаер пред сигурен реизбор

Во Германија денеска се избира нов претседател, пришто актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер има најдобри шанси да остане на највисоката политичка функција во земјата и во следните пет години.

Претседателот се избира во таканареченото Сојузно собрание, тело од 1.472 членови и составено од сите 736 пратеници на Бундестагот, како и исто толку претставници на сојузните покраини. Партиите од владејачката коалиција: Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП), како и опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ, кои го поддржуваат реизборот на Франк-Валтер Штајнмаер, имаат мнозинство од 1.233 гласови.

Со тоа изборот на Штајнмаер уште во првиот круг е речиси сигурен.

Покраинските парламенти во Сојузното собрание испраќаат и луѓе од јавниот живот, а меѓу нив годинава ќе се најде и Оезлем Туеречи, ко-основачката на „БиоНТек“, компанијата која ја произведе првата вакцина против коронавирус, а меѓу членовите годинава ќе биде и Саша Станишиќ, писател со босанско потекло.

Покрај Штајнмаер, на предлог на Левица за највисоката политичка функција во земјата се кандидираа и докторот Герхард Траберт, членот на Христијанско-демократската унија Макс Оте и кандиодатката на Слободните избирачи, физичарката Стефани Гебауер. Но, сите овие кандидати немаат поголеми шанси за успех, пред се, поради односите во Сојузното собрание.

Можете да прочитате

Трамп ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во училишни спортови

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје