Утрински Весник
Спорт

Почетино сака да пристигне на „Олд Трафорд“ заедно со Хери Кејн

Почетино сака да пристигне на „Олд Трафорд“ заедно со Хери Кејн
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ако Маурисио Почетино навистина стане менаџер на Манчестер јунајтед, првата цел ќе му биде на „Олд Трафорд“ да го донесе неговиот стар напаѓач од Тотенхем, Хери Кејн, тврди „Дејли телеграф“.

Според британскиот весник, аргентинскиот тренер на Пари Сен-Жермен останува главен кандидат за постојаното место кај „ѓаволите“, откако ја има поддршката на бордот, иако преодниот менаџер (и иден консултант) Ралф Рангник би го преферирал тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг.

Почетино имаше успешна соработка со Кејн во Тотенхем, со кои стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година, а англискиот напаѓач во текот на минатото лето беше блиску до трансфер во Манчестер сити пред претседателот на клубот Даниел Леви одби да го продаде за помалку од 150 милиони фунти.

Според изворите на „Телеграф“, Почетино сака да го замени Кристијано Роналдо со Кејн, откако последните денови се појавија многу шпекулации околу иднината на Португалецот, со Јунајтед, но и со можен крај на неговата кариера, посебно ако Јунајтед не влезат во Лигата на шампиони.

> Почетино сака да пристигне на „Олд Трафорд“ заедно со Хери Кејн <

Можете да прочитате

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство