Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Платите растат, се подготвува големо покачување на пензиите

СДСМ: Платите растат, се подготвува големо покачување на пензиите
Dik 300x250 mk

„СДСМ интензивно ја реализира програмата за силна финансиска поддршка на граѓанте во време на криза.

Новата Влада предводена од СДСМ, за неполн месец направи историски најголемо покачување на минималната плата, ги заштити граѓаните од ценовен шок за струјата и обезбеди парно греење за скопјани во услови кога градската власт се амнестираше од одговорност.

Сите средства од буџетот се вложуваат назад во поддршка на стопанството и граѓаните.

Како што веќе најави претседателот Ковачевски во своето експозе, следен чекор е големо покачување на пензиите.

Во моментот се работи на модел и пресметки за точна сума која ќе значи силна поддршка за возрасните во услови на криза. Пензионерите се категорија силно погодена финансиски во време на пандемија и затоа Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди значајна сума на средства за овие наши сограѓани.

ВМРО-ДПМНЕ може да продолжи со опструкциите и блокадите односно она што најдобро го знаат.

Наместо да глумат загрижени за растот на платите и пензиите, додека лицемерно блокираат закони, слободно нека продолжат и со измислените афери и лажниот патриотизам. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ“, наведе владејачкот СДСМ преку соопштение.

Можете да прочитате

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра

Топол викенд имаме во Македонија, температурите надминаа 20 степени