Утрински Весник
Македонија

44 казни за недавање предност на пешаци на територија на Скопје

44 казни за недавање предност на пешаци на територија на Скопје

Денеска (11.02.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата, санкционирани се 44 возачи кои не им дале првенство, односно предност на пешаците. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

МВР апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесат за побезбедни сообраќајници.

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?