Утрински Весник
Свет

(Видео) Цело семејство избодено на спиење во Филаделфија, напаѓачот уапсен

(Видео) Цело семејство избодено на спиење во Филаделфија, напаѓачот уапсен
Dik 300x250 mk

Маж избол шест члена на едно семејство додека спиеле во куќа во Филаделфија по што бил уапсен во близина, јавува „Асошиетед прес“.

Како што се наведува, полицијата реагирала околу 4 часот утрото и нашла шест лица со убодни рани.

Три жени се хоспитализирани во критична состојба, а двајца мажи и жена се во стабилна состојба, соопшти полицијата. Меѓу најтешко повредените е 49-годишна жена за која полицијата тврди дека била избодена неколкупати во вратот, главата и грбот.

Осомничениот напаѓач, кого полицијата го опишува како 29-годишен маж што живеел во куќата, бил пронајден неколку блока подолу, облеан во крв со расеченици на рацете, по што бил пренесен на лекување во болница.

Жртвите биле на возраст од 26 до 57 години, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија