Утрински Весник
Спорт

И Луис Енрике во плановите на Манчестер јунајтед

И Луис Енрике во плановите на Манчестер јунајтед
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Луис Енрике се приклучува на Маурисио Почетино и Ерик Тен Хаг како главен кандидат за менаџерското место во Манчестер јунајтед, бидејќи шпанскиот селектор имал доволно техничко познавање и резултати за да го врати успехот со клубот.

51-годишниот Енрике, кој ја предводеше Барселона до тројна титула во 2015 година, заедно со Почетино (ПСЖ) и Тен Хаг (Ајакс) ќе биде „проценет“ од семејството Глејзер, но и новопоставениот генерален директор на клубот Ричард Арнолд, и се надеваат дека наскоро ќе дојде до договор.

Луис Енрике во ноември ја отфрли шансата за преселба на „Олд Трафорд“, прашувајќи дали „први април дошол порано“. Но, тој има договор со Шпанија до крајот на Светското првенство, а има и репутација на тренер кој сака атрактивен, напаѓачки фудбал, но и тренер кој води стриктна дисциплина, нешто што совршено одговара на потребите на Јунајтед.

> И Луис Енрике во плановите на Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер