Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за струмичанка – си враќала пари за позајмица која никогаш не ја дала

Кривична пријава за струмичанка – си враќала пари за позајмица која никогаш не ја дала
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Л.К.(43) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ по член 353 и „послужување“ по член 240 од Кривичниот законик.

Пријавената Л.К., во својство на сметководител на два правни субјекта од Струмица кои се во стечајна постапка, а биле нејзина сопственост, противправно присвоила 535.300 денари.

Делата ги сторила така што на својата лична сметка незаконски враќала парични средства од правните лица по основ „поврат на позајмица“, иако таа никогаш немала дадено позајмица во двата правни субјекта.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

Собранието го усвои Законот за средно полициско училиште

Шигелов побара оставка од Венко Филипче