Утрински Весник
Македонија

(Видео) СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат Законот за минимална плата

(Видео) СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат Законот за минимална плата

Денеска на собраниската седница на дневен ред се измените на Законот за минимална плата. Со овие измени минималната плата веќе за месец март ќе изнесува најмалку 18.000 денари и неа ќе ја добиваат околу 80.000 работници. Тоа е двојно повеќе отколку пред пет години кога таа изнесуваше 9.000 денари, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде дека со новото зголемување на минималната плата го вреднуваме трудот на работниците и го унапредуваме нивниот животен стандард.

Колева додаде дека како одговорни пратеници, продолжуваат да реализираат законски решенија кои се во интерес на граѓаните и економијата.

Таа ги повика сите пратеници да дадат поддршка на измените на Законот за минимална плата, за веќе од следниот месец, 80.000 наши сограѓани да добиваат повисока минимална плата од 18.000 денари.

Истовремено, Колева ги повика и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите на Законот за наставници со што за 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе се обезбедат трајни вработувања и со тоа и повисоки плати.

Можете да прочитате

УЈП со информација до граѓаните: Ќе се исплаќаат средствата од “МојДДВ”

Марш во Неготино: Угостителите да се воздржат од музика овој викенд во чест на Фросина

Филков до идните судии и јавни обвинители : Вие како долгоочекувана нова енергија во правосудството, можете и потребно е да направите многу