Утрински Весник
Спорт

УЕФА ги продаде ТВ-права за 15 милијарди евра

УЕФА ги продаде ТВ-права за 15 милијарди евра

УЕФА постигнала договор за продажба на телевизиските права, за натпреварите во нејзина организација, за сума од 15.000.000.000 евра. ТВ-правата се однесуваат на периодот од 2024 до 2027 година.

УЕФА, подолг период се обидува да им ги зголеми приходите на фудбалските клубови, незадоволните се обидоа да формираат свое натпреварување, кое згасна 48 часа по основањето. Меѓутоа Реал, Барселона и Јувентус не се откажале Суперлигата.

Со новиот договор вкупниот приход ќе биде поголем за 40 отсто од актуелниот договор што го има УЕФА со ТВ куќите.

Од сезоната 2024, ќе биде променет форматот во Лигата на шампионите. Во елитното натпреварување ќе учествуваат 36 екипи.

> УЕФА ги продаде ТВ-права за 15 милијарди евра <

Можете да прочитате

Исландски судии за натпреварот Шкендија – Слован

Обвинет поранешниот претседател на Меѓународната федерација во кревање тегови

Уапсени познати фудбалери во турскиот скандал со обложување