Утрински Весник
Економија

Полските земјоделци излегоа со трактори на улиците против растот на цените

Полските земјоделци излегоа со трактори на улиците против растот на цените
Dik 300x250 mk

Земјоделците ширум Полска ги блокираа патиштата со трактори во знак на протест против растот на цените, диктатурата на трговските синџири и неконтролираниот увоз на храна.

„ Ни се придружуваат земјоделци од далечни земји, но и синдикати од „Амазон“ и други компании. Уморни сме од поскапувањето. Ги блокираме патиштата затоа што сакаме да го спасиме полското производство на храна. Денес ни треба спас за полското земјоделство“ изјави лидерот на Унијата, Михал Колодејчик.

Првиот од 50-те протести на патиштата, но и во центрите на некои градови низ Полска под слоганот „Нема да умреме во тишина“, почна утрово, а ќе трае до 17 часот.

„ Земјоделците мораа да излезат на патиштата бидејќи полската влада не успева да се справи со моменталната ситуација. Проблемите се различни, откупни цени кога не се исплати да се одгледуваат свињи, високи цени на ѓубривата, неплатен надомест за суша, диктатура на супермаркетите, неконтролиран увоз на храна од странство, задолжување на полскаите села“, ги сумираа демонстрантите причините за протестот.

Земјоделците им делат зеленчук и овошје на граѓаните за да покажат колку се огромни разликите во цените, а колку малку добива земјоделецот, а колку од цената земаат трговските синџири за себе.

Земјоделците повеќе не сакаат да разговараат со ресорниот министер, туку инсистираат да бидат примени од премиерот Матеуш Моравјецки. Во спротивно се закануваат дека ќе организираат генерален штрајк и ќе ја блокираат Варшава.

Можете да прочитате

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија