Утрински Весник
Македонија

303 сообраќајни прекршоци во Скопје, 156 санкционирани пешаци

303 сообраќајни прекршоци во Скопје, 156 санкционирани  пешаци

Во вчерашните акциски контроли во областа на сообраќајот нја територија на град Скопје биле изречени вкупно 303 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 53 казни, 156 мерки за прекршоци што ги направиле пешаците, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени биле и осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата.

Можете да прочитате

(Фото) Неисчистен снег создава хаос низ Македонија – камион излета кај Росоман

Македонија под снег, започнаа пообилните врнежи

Забрана за тешки товарни возила на неколку превои