Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Брнабиќ-Петков: Србија сака да биде извозник на стабилноста во регионот

Брнабиќ-Петков: Србија сака да биде извозник на стабилноста во регионот
300x250 opst2

Премиерите на Бугарија и Србија, Ана Брнабиќ и Кирил Петков по денешната средба истакнаа дека Софија и Белград, меѓу другото, се заинтересирани за заедничкиот пазар на гас и енергија.

Премиерката на Србија на прес-конференцијата рече дека ќе оди понатаму, на заеднички енергетски пазар што ќе донесе поголема конкурентност на економијата на двете земји.

„Тоа би донело придобивки за сите нас и меѓу другото, би можеле да изградиме повеќе капацитети од обновливите извори на енергија. Гледам дека можеме тоа многу брзо да го направиме“, рече Брнабиќ.

Премиерот на Бугарија изрази уверување дека Балканот, каде живеат 65 милиони луѓе, со отстранување на границите и заеднички пазар на гас и енергија, може да стане најбрзо растечки регион.

„Тоа е дел од нашата визија, потенцијалот постои“, рече Петков.

Според него, постои голем потенцијал за обединет пазар на гас.

„Верувам дека ќе успееме“, рече тој и додаде дека тоа подразбира поврзување со Северна Македонија, Грција, Србија и Романија.

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје