Утрински Весник
Спорт

Грилиш „камен пијан“ снимен пред ноќен клуб

Грилиш „камен пијан“ снимен пред ноќен клуб
Dik 300x250 mk

Фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш, повторно е тема во англиската јавност. Грилиш за кого Манчестер сити платија 117.500.000 евра е снимен како „камен пијан“ се обидува да влезе во еден ноќен клуб.

Грилиш бил заедно со соиграчите Кајл Вокер и Ријад Марез. Обезбедувањето на му дозволило да влезе во ноќниот клуб, бидејќи не бил облечен според правилата на локалот.

„Џек е лут бидејќи не го пуштија да влезе. Погледнете го, тој е пијан и лут“, се слуша на снимката која се појави на социјалните мрежи.

Ова е втор инцидент во изминатите два месеци во кој главен актер е Грилиш. Претходно, на неколку натпревари, поради лошото однесување и недисциплината, заедно со Фил Фоден тој беше исфрлен од тимот.

> Грилиш „камен пијан“ снимен пред ноќен клуб <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс