Утрински Весник
Магазин

(Видео) Италија ја избра својата песна за Евровизија и веднаш се најде на прво место на обложувалниците

(Видео) Италија ја избра својата песна за Евровизија и веднаш се најде на прво место на обложувалниците

Синоќа се одржа финалето на 72. издание на култниот натпревар на италијанска музика, фестивалот „Санремо“, а победата во тензично финале ја однесе дуото Махмуд и Бланко со песната „Бривиди“.

Набргу по објавувањето, Махмуд и Бланко на прес-конференција потврдија дека ќе ги бранат боите на Италија на овогодишниот Евросонг што ќе се одржи во мај во Торино, благодарение на минатогодишната победа на Манескин.

Песната „Бривиди“ веднаш стана фаворит на букмејкерите за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија, но важно е да се напомене дека досега се познати само девет песни кои годинава ќе ги слушнеме на евровизиската сцена.

https://www.youtube.com/watch?v=Te236EDr_-k

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 03 Јули 2026 година

Павле Камилоски и вина од Душа на зајдисонце во х.Олгица на 10 јули

Дневен хороскоп за 01 Јули 2026 година