Утрински Весник
Магазин

Семејствата на Робин Вилијамс и Џорџ Карлин ја тужат „Пандора“ за вицови заштитени со авторски права

Семејствата на Робин Вилијамс и Џорџ Карлин ја тужат „Пандора“ за вицови заштитени со авторски права

Наследниците на Робин Вилијамс и Џорџ Карлин поднесоа тужба против компанијата „Пандора медиа инк“ на „Сириус Икс-ем“во понеделникот, тврдејќи дека сајтот за стриминг на музика и провајдер на онлајн содржини не им исплатил авторски хоноари за многукратен стриминг на нивниот материјал.

Наследниците на Вилијамс и Карлин, заедно со комичарите Бил Енгвал, Рон Вајт и Ендрју Дис Клеј, „не добиле ниту пени“ од Пандора, велат тие во пет одделни федерални тужби поднесени во судот во Лос Анџелес од истиот адвокат.

Во тужбите се бара отштета од 4,1 милиони долари за семејството на Вилијамс, и 8,4 милиони долари за семејството на Карлин.

Карлин и Вилијамс беа двајца од најпопуларните комичари на сите времиња. Карлин почина во 2008 година, а Вилијамс во 2014 година. Енгвал и Вајт се најпознати по настапите на турнејата Blue Collar, додека Клеј беше популарен во доцните 1980-ти и раните 1990-ти.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста