Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Копродуцентот на „Матрикс“ го тужи „Ворнер Брос“ поради стримингот

Копродуцентот на „Матрикс“ го тужи „Ворнер Брос“ поради стримингот
300x250 opst2

Копродуцентот на „Матрикс: Воскреснувања“ (Matrix Resurrections), „Вилиџ роудшоу ентертејнмент груп“, поднесе тужба против „Ворнер Брос“, во која тврди дека потегот на студиото да го објави филмот истовремено на ХБО- макс и во кината е прекршување на договорот.

Во тужбата поднесена до Високиот суд во Лос Анџелес во понеделникот, „Вилиџ Роудшоу“, исто така,  наведува ека студиото „Ворнер Брос“, во сопственост на AT&T Inc WarnerMedia, го преместил датумот на прикажување на филмот за 2021 година од 2022 година за да му помогне на ХБО-макс да привлече повеќе претплатници.

Тужбата укажува на други блокбастери, како што е „Човек-пајак: Далеку од дома“, кои беа објавени кон крајот на 2021 година без истовремен стриминг.

„Не се сомневаме дека овој случај ќе биде решен во наша корист“, изјави портпаролот на Warner Bros.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време