Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Канадската влада повика на прекин на хаотичните демонстрации

Канадската влада повика на прекин на хаотичните демонстрации
300x250 opst2

Во главниот град на Канада, Отава, протестите се уште траат, а федералната влада во понеделник повика на прекин на хаосот во градот, пишува Анадолија.

– Овие блокади и окупации треба да престанат. Незаконските активности не се начин да се понуди значајно учество во развојот на владината политика, изјави Федералниот министер за транспорт Омар Алгабра.

Според него, блокадите на улици и мостови се незаконски и одговорните треба да бидат казнети.

Откако околу 10.000 демонстранти се собраа во центарот на градот за да протестираат на 22 јануари, во текот на неделата се собраа околу 250 луѓе. Илјадници демонстранти и стотици камиони повторно се собраа во саботата, создавајќи сообраќаен метеж.

Во неделата Џим Вотсон, градоначалникот на Отава, која има околу милион жители, прогласи вонредна состојба.

Таканаречениот „Конвој на слободата“ започна како движење против наметнатата обврска камионџиите да мора да се вакцинираат против коронавирус, а демонстрантите сега бараат укинување на епидемиолошките мерки.

Досега федералната влада и премиерот Џастин Трудо одбиваа да се сретнат со демонстрантите, но сега свикаа состанок со претставници на покраинските и општинските власти за начините да се стави крај на парализата предизвикана од демонстрациите во градот.

Десетици вооружени полицајци во Отава интервенираа во неделата, отстранувајќи возила и цистерна со гориво и приведоа две лица.

Камионџии и демонстранти организираа протести и во Ванкувер, Квебек Сити и Торонто, но полицијата и градските власти беа подобро подготвени, па немаше хаос како во Отава.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори