Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јунајтед сe најголемиот финансиски губитник- 1 милијарда евра на фудбалери во една деценија!

Јунајтед сe најголемиот финансиски губитник- 1 милијарда евра на фудбалери во една деценија!
300x250 opst2

Манчестер јунајтед се клубот со најмногу загуби при трансферите во последната деценија, трошејќи неверојатна милијарда евра на фудбалери, се тврди во анализата на независната група „ЦИЕС фудбалска опсерваторија“.

Јунајтед имаше трошок од 1.075 милијарди евра од 2012, трошејќи 1.545 милијарди евра на трансфери, а заработиле само 470 милиони евра. Тие го срушија рекордот на Премиерлигата со трансферот на Пол Погба во 2016 година за 89.5 милиони фунти, но најверојатно ќе го пуштат Французинот да замине без отштета на крајот на годината. Други слични такви трансфери се и Антони Марсијал (36 милиони фунти) и Дони ван де Бек (40 милиони фунти).

Нивните градски ривали Манчестер сити се на второто место со трошок од 984 милиони евра – трошејќи 1.669 милијарди евра на трансфери, но добивајќи 715 милиони евра, додека на третото место се Пари Сен-Жермен со 941 милиони евра трошок, пред Барселона со 650 милиони евра.

Но, додека овие клубови имаат со што да се пофалат во бројот на трофеи, Јунајтед немаат големи успеси од 2013 година, кога замина Сер Алекс Фергусон. Тие имаат само една лигашка титула од 2012, Сити можат да се пофалат со пет, ПСЖ со седум, а Барселона со пет. Последниот трофеј на Јунајтед дојде во 2017, кога ја освоија Лига Европа под Жозе Мурињо.

> Јунајтед сe најголемиот финансиски губитник- 1 милијарда евра на фудбалери во една деценија! <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН