Утрински Весник
Македонија

„Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!” – „Лајка“ и скопската зоолошка со заедничка кампања

„Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!” – „Лајка“ и скопската зоолошка со заедничка кампања

ЈП Лајка и ЗОО Скопје со поддршка од Градот Скопје од денеска почнуваат заедничка кампања со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво.

„Од денот кога ќе земете миленик, тој станува дел од семејството, бара секојдневна грижа, внимание и љубов кои ќе траат со години. Многупати сме биле сведоци на напуштање на милениците или несоодветно вдомување кои резултираат со многу бездомни кучиња и мачки на улиците, но и со многу зајчиња, папагали, желки донесени во ЗОО Скопје“, велат од Лајка.

Преку кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ одговорните во кампањата ќе се обидат да ги едуцираат граѓаните кои чуваат миленици што значи одговорно сопствеништво, низ колкав стрес поминуваат напуштените животни и зошто е добро децата да растат со миленик кој е дел од семејството.

Во кампањата ќе се вклучат и познати јавни личности кои се љубители на животните, а во следните фази планирани се и часови по емпатија во училиштата каде што како предавачи ќе се вклучат вработени од ЈП Лајка и ЗОО Скопје, како и активисти од здруженијата за заштита на животните.

Можете да прочитате

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра

Левица: Октопод во ДКСК – архивата алатка за прикривање на предмети од ДПМНЕ

Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ