Утрински Весник
Спорт

Британија и Република Ирска се откааж од кандидатурата за СП во 2030 година

Британија и Република Ирска се откааж од кандидатурата за СП во 2030 година

Обединетото Кралство и Република Ирска се откажаа од кандидатурата за организација на Светското првенство во фудбал, во 2030 година. Фокусот ќе го насочат кон заедничката кандидатура за Европското првенство што ќе се одржи во 2028 година.

Владата на Велика Британија, по спроведената детална анализа, заклучила дека организацијата на Мундијалот претставува „скап проект“.

„ЕУРО нуди слично враќање на вложеното, со значително помали трошоци за самата организација“, се наведува во соопштението.

За потсетување, Англија, беше еден од организаторите на последното Европското првенство. Завршницата на ЕУРО 2020 се играше на „Вембли“ во Лондон.

> Британија и Република Ирска се откааж од кандидатурата за СП во 2030 година <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина