Утрински Весник
Свет

Град со 3,6 милиони луѓе во карантин поради 99 случаи на Ковид-19

Град со 3,6 милиони луѓе во карантин поради 99 случаи на Ковид-19

Властите во југозападниот кинески град Бајсе им наредија на жителите од денеска да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања, поради зголемениот број на случаи на Ковид-19.

Бајсе има околу 3,6 милиони жители и се наоѓа на границата со Виетнам, а од сабота до понеделник напладне во него се потврдени 99 локално пренесени случаи на корона вирус, пренесува Ројтерс.

Омикрон е потврден кај две заразени лица.

Жителите да не ги напуштаат домовите, освен за набавка на основни потреби или тестирање за Ковид-19.

Исто така, граѓаните треба да се снабдуваат користејќи ја услугата за испорака секогаш кога е можно, објави државната телевизија од градската власт.

Во прекин е и јавниот превоз, училиштата се затворени, а на вработените на виталните работни места ќе им се издаваат посебни дозволи за движење.

Во борбата против коронавирусот, Кина спроведува стратегија на нулта толеранција кон Ковид, заснована на тоа да прави се што е можно за да се ограничи појавата на нови случаи на инфекција.

Иако бројот на новозаразени на дневна основа во Кина е мал во споредба со другите земји, Кина вложува уште поголеми напори во борбата против коронавирусот, особено во времето на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети