Утрински Весник
Свет
Img 7972

Маорите сакаат република и “развод” од британската круна

Маорите сакаат република и “развод” од британската круна
Img 7972

Партијата на Маорите од Нов Зеланд повика на „развод“ од британската круна и смена на кралското семејство од позицијата шеф на таа држава.

Поканата е испратена на 182-годишнината од потпишувањето на Договорот Ваитанги или „Te Tiriti o Vaitangi“, односно основниот правен документ на Нов Зеланд, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Договорот гарантираше заштита на нивните права на земјиштето, но во првите 100 години по неговото потпишување, Маорите изгубија повеќе од 90 отсто од нивната земја преку комбинација на директна конфискација, приватна или државна продажба и судска пракса што не признаваат колективна сопственост.

Сепак, претходните напори Нов Зеланд да се направи република едвај успеаја, а анкетата минатата година покажа дека една третина од Новозеланѓаните во моментов сакаат да ги прекинат врските со монархијата, со 47 отсто против, а 20 отсто воздржани.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека е републиканка, а во 2021 година рече дека верува дека Нов Зеланд ќе стане република, но дека нема да преземе ништо по тоа прашање за време на нејзиниот мандат.

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв