Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украина: Поголеми шанси за дипломатско решение отколку за ескалација

Украина: Поголеми шанси за дипломатско решение отколку за ескалација
300x250 opst2

Украинското претседателство оцени дека шансите за изнаоѓање дипломатско решение за кризата со Русија се значително поголеми од можноста за воена ескалација.

„Шансите за изнаоѓање дипломатско решение за деескалација се многу поголеми од заканата од нова ескалација“, рече Михаил Подолијак, главен советник на претседателството на Украина, откако ги предупреди американските разузнавачи дека Москва ги засилува подготовките за голема инвазија на Украина.

„Голема концентрација на руски војници во близина на нашите граници трае од минатата пролет“, но за да изврши голем психолошки притисок, Русија спроведува големи ротации, организирајќи маневри и движења на оружје, се вели во писмената изјава од страна на украинското претседателство.

Тој додаде дека Украина и нејзините западни сојузници треба да бидат подготвени на сите сценарија и рече дека Украина ја спроведува таа задача 100 отсто.

Американската разузнавачка служба проценува дека Русија веќе располага со 70% од неопходните воени сили за големата инвазија на Украина и дека би можела да има доволно капацитети, односно 150.000 војници за две недели да започне офанзива.

Таа проценува дека доколку рускиот претседател Владимир Путин се одлучи за најрадикалната опција, би можел да го опколи Киев, главниот град на Украина и да го собори претседателот Володимир Зеленски за 48 часа.

Исто така, се предупредува дека во конфликтот би можеле да бидат убиени меѓу 25.000 и 50.000 цивили, од 5.000 до 25.000 украински војници и меѓу 3.000 и 10.000 руски војници, како и еден до пет милиони бегалци, главно во Полска.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари