Утрински Весник
Македонија

Во полициска рација запечатени угостителски објекти во гевгелиско, не ги почитувале протоколите, не издавале фискални сметки

Во полициска рација запечатени  угостителски објекти во гевгелиско, не ги почитувале протоколите, не издавале фискални сметки

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и с. Мрзенци.

При контролата, два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати односно непочитување на ковид протоколите.

Исто, така од страна на УЈП се изречени глоби за неиздавање на фискални сметки, како и санкции за други неправилности на 10 угостителски објекти.

Акциските контроли на МВР, УЈП и ДПИ продолжуваат и во наредниот период, најавија надлежните институции.

Можете да прочитате

Одбраната на обезбедувањето тврди дека не постоел план и договор за физичко обезбедување на „Пулс“

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Виетнам, Нујен Ти Мин Нујет

Царина заплени 2 тона фалсификуван прашок „Ариел“