Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Локал во Грчец работел на диво и во него не се почитувале ковид-мерките

Локал во Грчец работел на диво и во него не се почитувале ковид-мерките
Img 7972

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност и Одделот за специјални полициски операции, во координација со Управата за јавни приходи (УЈП) и Државен пазарен инспекторат (ДПИ), синоќа околу полноќ извршиле контрола во угостителски објект во скопското село Грчец.

Како што информираат од МВР, констатирани биле низа неправилности во работењето: објектот нема регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со Ковид-19, поради што од страна на ДПИ објектот бил запечатен и изречени се соодветни глоби.

Извршен бил преглед на 40 лица и констатирано било присуство на тројца малолетници, за што ќе следуваат соодветни пријави.

Исто така, приведено е едно лице кај кое е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Поради сообраќајка прекинат сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес