Утрински Весник
Свет
Img 7972

Aмерикански војници пристигнаа во Полска

Aмерикански војници пристигнаа во Полска
300x250 opst2

Првото американско засилување за сојузниците на НАТО во источна Европа денеска пристигна во воената база Жешов во југоисточна Полска, во услови на акумулација на руски војници на границата со Украина.

Помал авион со команден персонал на САД, според полски воен извор, слетал на аеродромот Жешов-Јасионка изутрината додека продолжуваат подготовките во базата во близина на границата на Полска со Украина.

Телевизија ја снимила подготовката за привремено сместување во блискиот град Јасионки, а на снимката се гледа и како работници поставуваат ограда околу просторот за сместување.

„Како што беше најавено, првите делови од борбената група од 82-та воздушно-десантна дивизија на американската армија пристигнаа во Полска“, изјави портпаролот на полската армија.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата нареди распоредување на речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија за да се заштити источна Европа од потенцијална криза во Украина.

Околу 1.700 припадници на војската, главно падобранци од 82-та воздушно-десантна дивизија, ќе бидат распоредени од Форт Брег, Северна Каролина, во Полска во следните денови, соопштија американски воени извори.

Според Пентагон, ескадрила „Страјкер“ со околу 1.000 американски војници со седиште во германскиот град Вилсек ќе биде испратена во Романија.

Првите дополнителни американски војници пристигнаа во Германија во петокот.

Можете да прочитате

Папата вели дека примирјето во Газа дава „искра на надеж“

Хамас соопштил дека уште денеска може да ги ослободи заложниците, потврди дека 20 се живи

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација